Контакт

Македонски Телеком АД - Скопје
Сектор за набавки, логистика и недвижности

Кеј 13-ти Ноември“ бр. 6, 1000 Скопје, Република Македонија
тел. ++ 389 2 3242 245; ++ 389 2 3242 239

е-mail:  
ask.procurement@telekom.mk 

 
 
ИТ подршка: servicedesk@telekom.mk

 

 
Вести набавки:
Македонски Телеком воведува нов оперативен систем 26.11.2020 15:09:39
Во насока на понатамошна дигитaлизација на процесите, Македонски Телеком воведува нов оперативен систем, кој ќе предизвика одредени измени во оперативното работење.

Во оваа насока, МКТ известува за следното:

1. Последна испорака по нарачка за канцелариските материјали, тонери, потрошни материјали за автомобили, репрезентација за Нова Година и други стоки/материјали за интерна потрошувачка:
a) Во централен магацин - 23.12.2020 година
б) На локација – директно кај Барателот – 25.12.2020 година
в) Почнувајќи од 11.01.2021 година, канцелариските материјали, тонерите, потрошните материјали за автомобилите, репрезентација за Нова Година и други стоки/материјали за интерна потрошувачка, добавувачите нема да ги доставуваат во централен магацин, туку директно до локацијата назначена од Барателот.

2. Последна испорака на нарачка во централен магацин во 2020 за сите останати стоки/материјали – 30.12.2020 година

3. Прва испорака во централен магацин и прием во новиот систем – 11.01.2021 година
Во периодот 01.01-12.01.2021, односно, во текот на имплементацијата на новиот оперативен систем во MKT, може да се случи одредено доцнење во плаќањето на обврските кон добавувачите.
Би сакале однапред да им се заблагодариме на нашите добавувачи и партнери на разбирањето и соработката.


ВЕБ ИHФО 19.11.2020 11:20:13
НАМЕНСКА Е-АДРЕСА НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ ЗА ДОСТАВА НА ФАКТУРИ

Врз основа на измените нза Законот за ДДВ, објавени во службен весник бр 267/2020 од 10/11/2020, и со воведувањето член 53 – в кои се однесува на за издавање и достава на електорнски фактури како превентивна мерка за заштита од ковид-19, со која ќе се избегне хартиена достава на фактури и ќе се поттикне електронското работење без непосреден контакт, ги информираме нашите добавувачи, партнери и соработници дека дека Македонски Телеком во целост ќе ги применува одредбите од овој Закон и за таа цел повторно ја става во употреба наменската е - адреса, на која треба да бидат доставувани нивните фактури.

Имајќи ја предвид оваа мерка на Владата, од сега па сѐ до моментот на важење на уредбата до 31.12.2021, фактурите и соодветните документи согласно договорите, а кои се наменети за Македонски Телеком, потребно е да се испраќаат на е-мејл fakturi@telekom.mk.

Со доставата на фактурите на наведената е-адреса овозможуваме нивно соодветно администрирање и запазување на архивското работење во целост како важна алка во процесот на заемна соработка со партнерите.
Известување за централниот магацин20.10.2020 16:26:33
Почитувани добавувачи,
Би сакале да Ве информираме дека Централниот магацин на Македонски Телеком АД Скопје лоциран во просториите на “Квенбергер Логистикс Македонија” во Мултифункционалната зона Ќојлија на адреса Ул. 9 бр.4, 1043 Петровец – Скопје, ќе биде затворен за работа во периодот од 29.10.2020 – 30.10.2020 заради спроведување на редовниот, законски пропишан, годишен попис на материјали на залиха.
ВЕБ ИНФО 16.09.2020 22:01:59
ДОСТАВА НА ФАКТУРИ ПОВТОРНО ПРЕКУ АРХИВАТА НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ

Согласно Уредбата со законска сила за примена на Законот за Данок на Додадена Вредност за време на вонредна состојба, на 20 септември завршува важноста на истата за примена на електронски фактури и нивна достава по елктронски пат, што беше донесена како една од мерките за превенција од корона вирусот. Македонски Телеком во целост ja примени Владината одредба и за таа цел креираше наменска е - адреса на која ги примаше фактурите испратени од своите добавувачи, партнери и соработници.

Во таа насока, Ве информираме дека по 20 септември 2020 година, Македонски Телеком ќе ја затвори е-мејл адресата fakturi@telekom.mk и фактурите повторно ќе ги прима преку Архивата на компанијата.


ВЕБ ИНФО03.04.2020 17:25:05
НАМЕНСКА Е-АДРЕСА НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ ЗА ДОСТАВА НА ФАКТУРИ

Со донесувањето на уредбата на Владата за примена на електорнски фактури како превентивна мерка со која ќе се избегне достава на фактури во услови на намалени ресурси и ќе се поттикне електронското работење без непосреден контакт, ги информираме нашите добавувачи, партнери и соработници дека дека Македонски Телеком во целост ќе ги применува одредбите од оваа Уредба и за таа цел креираше наменска е - адреса, на која треба да бидат доставувани нивните фактури.

Имајќи ги предвид овие специфични мерки на Владата, од моментот на важење на уредбата, па сѐ додека трае вонредната состојба во земјава, фактурите и соодветни документи согласно договор наменети за Македонски Телеком потребно е да се испраќаат на е-мејл fakturi@telekom.mk.

Со доставата на фактурите на наведената е-адреса овозможуваме нивно соодветно администрирање и запазување на архивското работење во целост како важна алка во процесот на заемна соработка со партнерите.
Известување за централниот магацин. 11.12.2019 15:56:13
Почитувани добавувачи, Би сакале да Ве информираме дека Централниот магацин на Македонски Телеком АД Скопје лоциран во просториите на “Квенбергер Логистикс Македонија” во Мултифункционалната зона Ќојлија на адреса Ул. 9 бр.4, 1043 Петровец – Скопје, ќе биде затворен за работа во Петок, 13.12.2019 заради спроведување на редовниот, законски пропишан, годишен попис на материјали на залиха.
Известување за централниот магацин 26.11.2018 15:22:21

Почитувани добавувачи,

Би сакале да Ве информираме дека Централниот магацин на Македонски Телеком АД Скопје лоциран во просториите на “Квенбергер Логистикс Македонија” во Мултифункционалната зона Ќојлија на адреса Ул. 9 бр.4, 1043 Петровец – Скопје, ќе биде затворен за работа во Петок, 30.11.2018 заради спроведување на редовниот, законски пропишан, годишен попис на материјали на залиха.
Известување за централниот магацин 24.11.2017 12:59:59

Почитувани добавувачи,

Би сакале да Ве информираме дека Централниот магацин на Македонски Телеком АД Скопје лоциран во просториите на “Квенбергер Логистикс Македонија” во Мултифункционалната зона Ќојлија на адреса Ул. 9 бр.4, 1043 Петровец – Скопје, ќе биде затворен за работа во Петок, 01.12.2017 заради спроведување на редовниот, законски пропишан, годишен попис на материјали на залиха.


Известување за Централниот магацин 06.12.2016 10:56:46

Почитувани добавувачи,

Би сакале да Ве информираме дека Централниот магацин на Македонски Телеком АД Скопје  лоциран во просториите на “Квенбергер Логистикс Македонија” Мултифункционална зона Ќојлија  на адреса  Ул. 9 бр.4, 1043 Петровец – Скопје, ќе биде затворен за работа на ден Петок, 09.12.2016 заради спроведување на редовниот, законски пропишан, годишен попис на материјали на залиха.


Известување09.02.2016 14:32:05

Почитувани Добавувачи,

Македонски Телеком АД Скопје Ве информира дека почнувајќи од 15-ти февруари 2016 година, централниот магацин ќе функционира од нова локација во просториите на “Квенбергер Логистикс Македонија” Мултифункционална зона Ќојлија на  Ул. 9 бр.4, 1043 Петровец – Скопје.


Известување за централниот магацин “Маџари” 30.11.2015 10:47:26

Почитувани добавувачи,

 

Би сакале да ве информираме дека редовниот, законски пропишан, годишен попис на материјали на залиха е завршен и дека на ден 30.11.2015 Централниот магацин на Македонски Телеком АД Скопје Маџари”  лоциран на адреса Перо Наков бб. е повторно отворен за работа.


Известување за централниот магацин “Маџари” 23.11.2015 09:48:29

Почитувани добавувачи,

Би сакале да ве информираме дека Централниот магацин на Македонски Телеком АД Скопје Маџари”  лоциран на адреса Перо Наков бб., ќе биде затворен за работа во периодот од 27.11.2015 до 30.11.2015 поради спроведување на редовниот, законски пропишан, годишен попис на материјали на залиха.


Известување за централниот магацин Маџари19.11.2013 14:24:51
Почитувани добавувачи,
 
Би сакале да ве информираме дека поради редовниот, законски пропишан, годишен попис на материјали на залиха, Централниот магацин во Маџари ќе биде затворен за работа во петок, 22.11.2013 година.

Почитувани добавувачи,15.11.2011 13:21:27

Би сакале да ве информираме дека поради редовниот, законски пропишан, годишен попис на материјали на залиха, Централниот магацин во Маџари ќе биде затворен за работа во период од петок, 18.11.2011 до среда, 23.11.2011 година.


Известување за магацин Маџари17.11.2010 14:08:30

 

Почитувани добавувачи,
 
Би сакале да ве информираме дека поради редовниот, законски пропишан, годишен попис на материјали на залиха, Централниот магацин во Маџари ќе биде затворен за работа во период од петок, 19. 11.2010 до среда, 24.11.2010 година.

Известување за Централниот магацин Маџари23.12.2009 09:33:53

Магацинот нема да работи за новогодишните и бозиќните празници.


Добродојдовте на веб сајтот на областа за набавки 14.12.2009 12:15:31
Со задоволство Ве известуваме дека новиот веб сајт на набавки нуди можности на сите заинтересирани физички и правни лица за директно следење на Објавите за прибирање понуди, можности да дознаете за сите актуелни случувања и вести, како и он лине регистрација за да станете деловен партнер на Македонски Телеком ад-Скопје. Процесот на регистрација е едноставен и брз, и се одвива во шест чекори:
 
 
   
кон врвот Nagore © Македонски Телеком