Добродојдовте на веб сајтот на областа за набавки


             Со задоволство Ве известуваме дека новиот веб сајт на набавки нуди можности на сите заинтересирани физички и правни лица за директно следење на Објавите за прибирање понуди, можности да дознаете за сите актуелни случувања и вести, како и он лине регистрација за да станете деловен партнер на Македонски Телеком ад-Скопје.


Процесот на регистрација е едноставен и брз, и се одвива во шест чекори:
 

Чекор1: Пристапете на сајтот и регистрирајте се со пополнување на апликацијата која се наоѓа на почетната страна во менито добавувач;
  
Чекор2: Ја пополнивте апликацијата, по што по пат на електронска пошта ќе го добиете Вашето единствено корисничко име и лозинка;
Чекор3: Добиеното корисничко име и лозинка внесете ги на почетната страна во делот најава и Ве молиме променете ја лозинката кога тоа ќе биде побарано од Вас;
 
4 Чекор: Сега Ви е овозможен увид во податоците кои претходно ги внесовте, податоците може да ги менувате секогаш кога за тоа ќе имате потреба;
5 Чекор: Откако ќе Ви биде одобрен влез во базата на податоци следи процесот на предквалификација со кој ќе добиете соодветен ранг неопходен за отпочнување на деловна соработка;
6 Чекор: Регистрирајте ја Вашата дејност во менито Е билтен со тоа што ќе добиете ексклузивна можност да бидете директно поканети за учество на тендерски објави, барање понуди, електронски аукции и слично.
Ве молиме сите Ваши прашања, сугестии и слично да ги упатувате до администраторот на неговата контакт адреса која се наоѓа во менито контакт.
 
 
 
   
кон врвот Nagore © Македонски Телеком