ВЕБ ИНФО


НАМЕНСКА Е-АДРЕСА НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ ЗА ДОСТАВА НА ФАКТУРИ

Со донесувањето на уредбата на Владата за примена на електорнски фактури како превентивна мерка со која ќе се избегне достава на фактури во услови на намалени ресурси и ќе се поттикне електронското работење без непосреден контакт, ги информираме нашите добавувачи, партнери и соработници дека дека Македонски Телеком во целост ќе ги применува одредбите од оваа Уредба и за таа цел креираше наменска е - адреса, на која треба да бидат доставувани нивните фактури.

Имајќи ги предвид овие специфични мерки на Владата, од моментот на важење на уредбата, па сѐ додека трае вонредната состојба во земјава, фактурите и соодветни документи согласно договор наменети за Македонски Телеком потребно е да се испраќаат на е-мејл fakturi@telekom.mk.

Со доставата на фактурите на наведената е-адреса овозможуваме нивно соодветно администрирање и запазување на архивското работење во целост како важна алка во процесот на заемна соработка со партнерите.
 
 
 
   
кон врвот Nagore © Македонски Телеком