ВЕБ ИНФО


ДОСТАВА НА ФАКТУРИ ПОВТОРНО ПРЕКУ АРХИВАТА НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ

Согласно Уредбата со законска сила за примена на Законот за Данок на Додадена Вредност за време на вонредна состојба, на 20 септември завршува важноста на истата за примена на електронски фактури и нивна достава по елктронски пат, што беше донесена како една од мерките за превенција од корона вирусот. Македонски Телеком во целост ja примени Владината одредба и за таа цел креираше наменска е - адреса на која ги примаше фактурите испратени од своите добавувачи, партнери и соработници.

Во таа насока, Ве информираме дека по 20 септември 2020 година, Македонски Телеком ќе ја затвори е-мејл адресата fakturi@telekom.mk и фактурите повторно ќе ги прима преку Архивата на компанијата.

 
 
 
   
кон врвот Nagore © Македонски Телеком