ВЕБ ИHФО


НАМЕНСКА Е-АДРЕСА НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ ЗА ДОСТАВА НА ФАКТУРИ

Врз основа на измените нза Законот за ДДВ, објавени во службен весник бр 267/2020 од 10/11/2020, и со воведувањето член 53 – в кои се однесува на за издавање и достава на електорнски фактури како превентивна мерка за заштита од ковид-19, со која ќе се избегне хартиена достава на фактури и ќе се поттикне електронското работење без непосреден контакт, ги информираме нашите добавувачи, партнери и соработници дека дека Македонски Телеком во целост ќе ги применува одредбите од овој Закон и за таа цел повторно ја става во употреба наменската е - адреса, на која треба да бидат доставувани нивните фактури.

Имајќи ја предвид оваа мерка на Владата, од сега па сѐ до моментот на важење на уредбата до 31.12.2021, фактурите и соодветните документи согласно договорите, а кои се наменети за Македонски Телеком, потребно е да се испраќаат на е-мејл fakturi@telekom.mk.

Со доставата на фактурите на наведената е-адреса овозможуваме нивно соодветно администрирање и запазување на архивското работење во целост како важна алка во процесот на заемна соработка со партнерите.
 
 
 
   
кон врвот Nagore © Македонски Телеком