Македонски Телеком воведува нов оперативен систем


Во насока на понатамошна дигитaлизација на процесите, Македонски Телеком воведува нов оперативен систем, кој ќе предизвика одредени измени во оперативното работење.

Во оваа насока, МКТ известува за следното:

1. Последна испорака по нарачка за канцелариските материјали, тонери, потрошни материјали за автомобили, репрезентација за Нова Година и други стоки/материјали за интерна потрошувачка:
a) Во централен магацин - 23.12.2020 година
б) На локација – директно кај Барателот – 25.12.2020 година
в) Почнувајќи од 11.01.2021 година, канцелариските материјали, тонерите, потрошните материјали за автомобилите, репрезентација за Нова Година и други стоки/материјали за интерна потрошувачка, добавувачите нема да ги доставуваат во централен магацин, туку директно до локацијата назначена од Барателот.

2. Последна испорака на нарачка во централен магацин во 2020 за сите останати стоки/материјали – 30.12.2020 година

3. Прва испорака во централен магацин и прием во новиот систем – 11.01.2021 година
Во периодот 01.01-12.01.2021, односно, во текот на имплементацијата на новиот оперативен систем во MKT, може да се случи одредено доцнење во плаќањето на обврските кон добавувачите.
Би сакале однапред да им се заблагодариме на нашите добавувачи и партнери на разбирањето и соработката.

 
 
 
   
кон врвот Nagore © Македонски Телеком